Луис Суарез со два гола беше главен креатор во победата на Барселона над Интер во дербито на 2 коло од групата Ф во Лигата на шампионите.

Италијанците поведоа преку Мартинез Лаутаро во 3 минута од мечот на „Камп Ноу“ и најавија сензација но радоста за гостинските навивачи кратко траеше.

Суарез со прекрасен гол со волеј во 58 минута го израмни резултатот а конечните 2:1 ги постави во 84 минута по додавањето од Лионел Меси.

Во оваа група денеска, Борусија Дортмунд победи на гостувањето кај Славија Прага со 2:0.