Барселона претрпе тројна загуба во саботата вечер на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, откако покрај поразот од 1-0 од Атлетико остана и без Серхи Роберто и Жерард Пике.

Првичнте информации околу сериозноста на повредата на Пике не се добри и според шпанските медиуми дефанзивецот ќе биде надвор од теренот шест месеци.

Пике го повреди коленото при дуел со Анхел Кореа и веднаш беше изнесен од теренот.

Роберто има повреда на мускулот на десната нога и ќе следат дополнителни прегледи околу сериозноста на повредата.