Фудбалерите на Басел посведочија неверојатен гол во првото полувреме на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфур во воведниот натпревар од осминафиналето во Европа лигата.

Самуел Кампо искористи шанса од прекин во 27 минута за водство на гостите кои одиграа одлично во воведните 45 минути.

Натпреварот се игра без публика поради препораките за справување со Коронавирусот.

 

На третиот натпревар од осминафиналето од терминот од 18:55 часот во Турција, Башакшехир и Копенхаген по првото полувреме одиграа без голови.