Челси победи на гостувањето во Холандија кај Ајакс со 1:0 во натпревар од 3 коло од групата Х во Лигата на шампионите на УЕФА.

Домаќините постигнаа гол во првото полувреме преку Промес но поради офсајд беше поништен.

Во вториот дел Лампард одлучи да ги внесе Пулишиќ и Батшуаи по што репрезентативецот на Белгија постигна гол по асистенцијата на Американецот во 86 минута.