Екипата на Тотенхем успеа да врзе две победи по ред , по подолг период и сето ова доаѓа во периодот откако го отпуштија Жозе Мурињо.

Тотенхем како да влага во посакуваната форма во финишот на сезоната а истото може да се каже и за Герет Бејл, кој денес буквално сам го победи Шефилд Јунајтед.

31-годишниот офанзивец постигна три погодоци  а  серијата голови ја отвори во 36. минута, на додавање на Орие, додека во вториот дел за само осум минути стрелаше уште двапати и го запиша својот прв хет-трик по враќањето во Тотенхем. Печат на победата на „петлите“ стави Сон во 77. минута.