Герет Бејл денеска ќе биде преставен како нов играч на Џиангсу Сунинг. Велшанецот е во Кина и откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе стави потпис на тригодишен договор вреден 22 милиони евра по сезона.

Тој ќе заработува неверојатни 1,2 милиони евра неделно, што ќе го направи најскапо платениот фудбалер во историјата.

Засега не е познато колку пари ќе заработи Реал Мадрид од трансферот на Бејл.