Речиси се во вториот  натпревар од групата Б беше подредено на Кристијан Ериксен. Навивачите, но и играчите од двата тима испратија пораки за поддршка до фудбалерот на домашниот тим кој моментално е во болница. Во продолжение видовме фантастичен натпревар помеѓу Данска и Белгија, кој гостите го добија со 2:1.

Јусуф Пулсен прими одлична топка во 2-та минута и ја смести во долниот лев агол. Данците ја контролираа играта во продолжението.

Во 10-та минута од играта топката беше исфрлена, потоа навивачите со силен аплауз го поддржаа Кристијан Ериксен.

Микел Дамсгард имаше нова можност во 35-та минута, тој надмудри неколку противнички играчи, се обиде да му продаде финта на голманот, а топката мина покрај голот.

Данска замина на полувреме со предност а Белгија мораше да реагира.

Вечерва видовме колку е важен Кевин Де Брујн за Белгија, тој го проигра одлично Торган Азар кој од непосредна близина ја испрати топката во мрежата, за израмнување на 1-1

Фудбалерот на Манчестер Сити повторно беше во центарот на вниманието во 70-та минута. Тој упати одличен шут и ја испрати топката во мрежата од работ на казнениот простор, а  Каспер Шмајхел беше немоќен во таа ситуација.

Данска имаше одлична можност за израмнување на крајот на мечот, Андреас Олсен ја испрати топката до Мартин Брајтвајт, а тој ја погоди гредата.