Торино го победи Милан со 2-1, последен натпревар од 5. коло во калчо лигата, домашните до победата дојдоа со пресврт.

Милан поведе со гол на Пјатек во 17 минута од пенал. Пресврт во второто полувреме, Белоти постигна два гола, во 72 и 76 минута и запиша победа.

Торино ја прекина мини серијата од два порази во низа, Милан го запиша вториот проаз едно по друго во калчото и ја продлабочи резултатска криза.

На табелата Торино сега е  петти со 9 бода, Милан е на 13 место со само 6 бода од пет натпревари, има негатива во однос на водечкиот Интер од цели 9 бодови.