Беневенто имаше водство до 93-тата минута, кога примија гол кој може да ги чини испаѓање во Серија Б.

Домаќинот поведе со голот на Лападула уште во 13-тата минута, и делуваше дека тимот на Пипо Инзаги лесно ќе дојде до победа, но Сими ги сруши нивните соништа во 93-тата минута.

Сега имаат три бода помалку од Торино, кој има и меч помалку од нив.

Биковите прво играат со Лацио на гости, а потоа во последното играат со Беневенто во можеби директен дуел за опстанок, но мора да се напомене дека на Торино му е доволно и бод од овие две средби.

Standings provided by SofaScore LiveScore