Големо изненадување во осминафиналето на Купот на Африканските Нации. Репрезентацијата на Бенин, успеа да го елиминира големиот фаворит Мароко по подоброто изведување на ударите од белата точка и да се пласира во следната фаза на оваа натпреварување.

Бенин прв поведе на мечот со голот на Адилеу во 53. минута. Мароко успеа да се врати и да изедначи со голот на Ел Несири во 76. минута.

Мароко имаше голема шанса да го реши победникот кога им беше досуден пенал во 96. минута од мечот, но ѕвездата на Ајакс, Хишам Зијеш ја погоди само десната статива.

Во продолжението немаше голови, а во пенал серијата, Буфал и Ел Несири не го погодија голот, додека Бенин четири пати беше прецизен за пласман во четврт-финале.