Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ремизираа 1:1 во дербито на 26 коло во Ла Лига.

Домаќините со голот на Луис Суарез поведоа по само 15 минути на „Ванда Метрополитано“ по неверојатниот продор на Љоренте.

„Кралевите“ до бод дојдоа со голот на Карим Бензема во 88 минута откако целата работа ја заврши Каземиро.

Во следното коло Атлетико Мадрид е домаќин на Атлетик Билбао а Реал Мадрид е домаќи на Елче.