Реал Мадрид ја победи Севиља на „Рамон Санчез Писуан“ со 1:0 со голот на Карим Бензема во 64 минута.

„Кралевите“ го започнаа натпреварот со најсилниот можен состав а во нападот истрчаа Азар, Бејл, Хамес и Бензема.

Првата вистинска шанса на мечот ја имаше Еден Азар но летното засилување на „Кралевите“ не успеа да го матира Вачлик.

Она што не му успеа на поранешниот играч на Челси, го реализираше Карим Бензема за голема радост на клупата каде Зидан по подолго време не го криеше задоволството од реакцијата на неговиот омилен напаѓач.

Со оваа победа Реал Мадрид се искачи на второто место на табелата во Ла лига со 11 бода колку што има и лидерот Атлетик Билбао кој денеска го совлада Алавес со 2:0.