Преку Џозеф Пеинтсил денеска Анкарагучу дојде до еден бод против големиот Бешикташ. Тој прво стрелаше за 2:1, па и за израмнување.

Но, можеби ќе стрелаше и за три бода, ако во својот тим Анкарагучу го немаше Хрватот Анте Кулушиќ, кој успеа со два автогола да го доведе турскиот гигант до водство од 2:0.

Кулушиќ прво стрелаше во четвртата минута од првото полувреме, за жал во својот гол, а истото го повтори и во 52-та минута во второто полувреме.

Потоа Пеинтсил спасуваше со голови од пенал во 65-тата и 93-тата.