Бетис го победи  Реал Мадрид  со  2-1, последен натпревар од 27 коло во Ла Лига. Ова е трет пораз сезонава на „кралевите“ на гости, вкупно имаат пет во првенството сезонава.

Бетис поведе со голот на Бразилецот Сиднеи во 40 минута.

Во судиското продолжение од првиот дел, Бензема од пенал израмни на 1-1.

Во 82 минута Бетис преку Тељо стигна до 2-1 што беше конечен резултат на средбата. Реал Мадрид сега е втор на табелата зад Барселона која има два бода предност.

Бетис со новите три бода има 33 на 12 место на табелата, по седум едно по друго натпревари без триумф во Ла Лига стигна до победа.