Екипата на Бетис без поголеми проблеми го совлада Хетафе со 2-0 во 7.коло во Ла Лига.

„Зелено-белите“ постигнаа два гола, но уште четири пати ја погодија рамката од голот на гостите од Мадрид.

Вилијам Жозе во 14.минута ја најави победата, а истиот играч во 55.минута ги постави и конечните 2-0.

Хетафе го има најлошиот старт во Ла Лига во историјата со седум порази од седум натпревари и останува единствениот тим без бодови.

Хетафе го има најлошиот старт во Ла Лига во историјата со седум порази од седум натпревари и останува единствениот тим без бодови.