Екипата на Бетис успеа да ја забележи четвртата победа во првенството, овојпат повторно на гостински терен , нешто што е специјалност сезонава за тимот од Севиља , кај Алавес со минимални 0-1.

Бетис беше подобар противник во целиот натпревар а тоа успеа да го искористи во самиот финиш , кога резервистите Жоакин и Борха одиграа одлична акција во која Шпанскиот ветеран нафрли а Борха реализираше.

За Алавес ова беше седми пораз сезонава.