Бетис ја изненади Барселона на „Камп Ноу“, запиша победа со еден гол откако Тељо асистираше до Хуами, а тој погоди за триумф на гостите.

Хуами во 79 минута донесе предност на Бетис која подоцна се покажа како клучна за победа против големиот фаворит.

За новиот тренер на Барса,  Чави, ова беше прв пораз на клупата на каталонците. Барселона  има 23 бода на седмото место, Бетис со 30 е на четвртата позиција.