Екипите на Реал Мадрид и Челзи одиграа нерешено 1-1 во првиот полуфинален натпревар во рамките на Лигата на шампионите.

Екипата на Челзи со голот на Кристијан Пулишиќ во 14.минута поведе со 1-0.

Американскиот интернационалец искористи една лоша реакција во одбраната на Реал и ја смести топката во мрежата на Куртоа за водство од 1-0

Претходно Тимо Вернер имаше одлична шанса во 10. минута, но не успеа да постигне водечки гол.

Реал успеа да израмни во 29.минута со голот на Карим Бензема , кој одлично се снајде по една мешаница од корнер и со прекрасен погодок успеа да го израмни резултатот на 1-1 , што беше конечен резултат по првиот дел

.Во второто полувреме гледавме израмнет фудбал, главно на средината на теренот. Тухел во игра ги стави Хаверц и Зијех, па Челзи ја презеде играта и имаше поголем посед на топката.

Во последните 15.минути и двете екипи не превземаа поголем ризик па на крајот резултатот од полувремето се покажа како конечен.

Реванш дуелот од полуфиналниот двомеч е закажан за осум дена на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи со активен резултат и гол на гости ќе го дочека Реал.