Тотенхем го совлада Шефилд Јунајтед со 4-0 вчера, а херој на натпреварот беше Герет Бејл, кој постигна хет-трик.

Сепак, по натпреварот, повеќе се зборуваше за еден прекршок.

Имено, во 46. минута од натпреварот, играчот на Шефилд, Џон Флек, за време на еден дуел згазна на главата на играчот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо.

„Петлите“ веднаш протестираа и го замолија судијата да го исклучи ривалот, и на крајот на краиштата, ситуацијата се виде во ВАР просторијата.

По проверката што можеше да резултира со исклучување, беше утврдено дека Тотехем треба да добие фаул, но Флек не доби ниту жолт картон, туку само вербално предупредување.

Тотенхем по ова коло има бод повеќе од Вест Хем (и натпревар повеќе) и ја зазема петтата позиција. Челси има пет бода повеќе од „петлите“, и ја зазема последната позиција што води во Лигата на шампионите.