Островското дерби меѓу Англија и Шкотска заврши без голови, резултат според кој е позадоволна Англија, која калкулира за да избегне еден од двата големи противници во осминафиналето, а можно е да игра против Франција на пример.

Англија имаше три убави шанси, најубава на Стоунс, Шкотска две, а најсериозната е онаа на Дајкс во 62 минута …

По две одиграни средби во групата Д, лидер е Чешка со 4 бода, пред Англија која исто така има четири бода, по бод имаат Хрватска и Шкотска, тие во директен дуел ќе се борат за осминафинале.

Англија во последното коло ќе игра со Чешка.