Лион  ќе почека за да им се врати на победите во најсилното фудбалско првенство во Франција откако вечерва ремизираше на гостувањето кај Амиен со 2:2.

Во првото полувреме беа постигнати три гола . Домаќинот поведе преку Жалет во 7 минута по што на сцена стапи Муса Дембеле со два безмалку идентични голови во 9 минута и во 34 минута.

 

Конечните 2:2 ги постави ветеранот Матие Бодмер во 91 минута за радост на домашните навивачи но и за големо разочаување кај фаворитот.