Фудбалерите на Ривер Плата се пласираа во финалето на Копа Либертадорес и покрај поразот на реваншот од Бока Јуниорс  со 1-0, клучна беше предноста од 2-0 на првиот натпревар.

Бока Јуниорс доминираше на мечот, имаше 21 шут, бодрен од 50.000 навивачи на славната „Бомбоњера“ не успеа да ја анулира негативата од првата средба.

Хуртадо кој има само 19 години го постигна единствениот гол во 80 минута, недеовлен за финале.

Противник на Ривер Плата ќе биде подобриот од полуфиналето меѓу Фламенго и Гремио од Бразил.