Фудбалерите на Болоња го совладаа Каљари со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на италијанската Серија А.

Првиот гол на натпреварот го постигна Лоренцо Де Силвестри во 50. минута од натпреварот.

Чилеанецот Гери Медел ја испрати топката од средината на теренот, Марко Арнаутовиќ мајсторски ја промаши и прилика имаше поранешниот играч на Лацио и Фиорентина.

Де Силвестри не ја пропушти можноста за трет сезонски гол, откако постигна два на премиерниот меч против Салернитана.

До крајот на мечот Марко Арнаутовиќ  ја удвои предноста во судиското надополнување на вториот дел, на што му претходеше директен црвен картон за дефанзивецот на Каљари, Маритн Касерес.

Болоња моментално е 11-та со 15 бодови и во следното коло ќе игра против Сампдорија.

Што се однесува до тимот на Валтер Мацари, тие се последни со само шест бода, а прашање е дали ќе го подобрат тој биланс во следната рунда, со оглед на тоа што на гости им доаѓа Аталанта.