Фудбалерите на Гетафе се изборија за првата победа по пауза од шест натпревари во Ла Лига откако славеа против Валенсија со 3:0 во 25 коло.

Арамбари постигна неверојатно ефектен гол од далечина во 39 минута, со што ја најави победата на домаќините. Мата беше стрелец на вториот гол, а Чучо на третиот,  додека за гостите Диакаби доби црвен картон во 51 минута.