Пелистер и Струга ТЛ одиграа без победник во Битола, средбата заврши 1-1, натпревар од10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Нијаз Лена од Струга ТЛ постигна ретко убав гол,  во 77. минута неодбранливо шутираше од  од слободен удар од дистанца од 30 метри, вистинска „бомба“  која заврши во мрежата на битолчани.