Олимпик Марсеј го со совлада Толуз со 1:0 во натпревар од 24 коло од Лига 1, продолжувајќи ја низата без пораз во најсилното фудбалско првенство во Франција.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Димитри Паје кој во 51 минута успешно биеше надвор од шеснаесетникот и го совлада, вториот голман на Тулуз, Рејне кој влезе во игра во 37 минута на местото на повредениот Калиниќ.

За Паје ова беше 8 овосезонски гол во Лига 1.

Во следното коло второпласираниот Марсеј ќе му гостува на Лил а последнопласираниот Тулуз ќе ја дочека Ница.