Борец ја започна со победа новата сезона откако на арената „Тодор Проески“ го победи Вардар минимално со 1-0, голот беше постигнат уште во 67 секунда од првото  полувреме.

Голот за победа на Борец е дело на Радовиќ по асистенција на Фернандо уште во првата фаза од мечот. Вардар тргна со пораз, со екипа која во првенството влезе без подготовки и ниту еден одигран пријателски натпревар.