Со убедливи 5:0 кои беа поставени уште во првиот дел, Борусија Дортмунд успеа да слави против Холштајн Кил и да се пласира во финалето на Купот на Германија.

Резултатот го отвори Џовани Рејна во 16-тата минута, на 2:0 зголеми истиот играч во 23-тата минута. Третиот гол беше дело на капитенот на Дортмунд Марко Ројз во 26-тата минута.

За 4:0 стрелаше Торган Азар во 32-та минута, а конечните  5:0 ги постави Џуд Белингам во 42-та минута.

Во финалето на 13 мај, Дортмунд ќе игра против Лајпциг.