Борусија Дортмунд успеа со голема победа над Вердер Бремен успеа да го искористи вчерашниот кикс на Ајнтрахт Франкуфрт, кој на гости загуби 4:0 од Менхенгладбах, и да останат во битка за Лигата на шампионите.

Денеска беа подобри од Вердер Бремен со 4:1. Серијата голови ја отвори Милот Рашица во 14-тата минута за водство на Вердер, по што следеше целосен пресврт на Борусија Дортмунд.

Прво во 29-тата минута стрелаше Џовани Рејна за израмнување, во 34-тата минута од пенал Ерлинг Халанд донесе водство за Борусија, а истиот играч во 38-та минута стрелаше за 3:1, што беше и резултат со кој се замина на полувремето. Конечните 4:1 ги постави Матс Хумелс во 87-та минута.

По овој одигран меч, Дортумнд има 49 бода на петтата позиција, односно четири помалку од Ајнтрахт Франкфурт, кој е на четврата позиција со 53 бода. На пет кола до крајот Дортмунд има и два бода повеќе од шестиот Леверкузен.

Standings provided by SofaScore LiveScore