Фудбалерите на Борусија Дортмунд стигнаа до 16 овосезонска победа, трета во низа и се вратија во игра за местата кои водат во ЛШ преку табелата во Бундес лигата.

„Милионерите“ славеа против Унион Берлин со 2:0 со головите на Ројс и на Руереро, Халанд промаши пенал во 27 минута.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов доби шанса за Штутгарт во 63 минута во поразот од Волфсбург од 3:1.

Хофенхајм славеше над Борусија Менхенгладбах со 3:1 а Мајнц победи на гостувањето кај Вердер Бремен со 1:0.