Фудбалерите на Вест Хем напредуваа на петото место на табелата во Премиер лигата откако ја совладаа Астон Вила со 2:1 во натпреварот од 10 коло.

Обоња го отвори резултатот во 2 минута, на 1:1 израмни Грилиш по асистенцијата на Кеш. Конечните 2:1 беа дело на Бовен во 46 минута од второто полувреме.

Воткинс промаши пенал за гостите во 74 минута а истиот играч реализираше во 92 минута но голот беше поништен поради офсајд.

Во следното коло Вест Хем го дочекува Манчестер Јунајтед а Астон Вила е домаќин на Њукасл.

Standings provided by SofaScore LiveScore