Попладнево се одиграа уште четери меча од првото кол ово Премиер лигата, немаше голови на средбата меѓу Кристал Палас  и Евертон, Брајтон со 3-0 освои три бода на гости кај Ватфорд.

Брајтон славеше со головите на Андон, Маупај и автоголот на  Дукур.

Барнли исто така беше убедлив против Саутемптон , запиша победа со 3-0, Барнс погоди два пати, Гудмонсон постигна еден.

Борнмут  и Шефилд одиграа нерешено 1-1, гостите со гол во 88 минута преку Шарп стигнаа до бод од ова гостување.