Брајтон го прекина постот во Премиерлигата и по шест кола без победа триумфираше вечерва на гостувањето кај Астон Вила со 2-1.

Велбек го донесе Брајтон во водство во 12 минута на асистенција на Лалана.

Астон Вила израмни преку Конса на почетокот на вториот дел, а голот вреден три бода за Брајтон беше дело на Марч во 56 минута.

Главниот судија Мајкл Оливер досуди пенал за Астон Вила длабко во судиското продолжение, но по консултација со ВАР собата ја поништи својата одлука и Астон Вила остана со празни раце