ВБА со гол во финишот вечерва се спаси  од пораз на гостувањето кај Брајтон, откако  претходно беа во негатива по несреќен автогол во кој „кумуваше“ Бранислав Ивановиќ .

Домаќините поведоа во 40 минута, кога српскиот дефанзивец во обид да ја исфрли  топката од петтерецот несреќно го погоди својот соиграч Ливермор.

 

Тимот на Славен Билиќ се врати резултатски во 83 минута, кога Ахерн Грант ги постави конечните 1-1.