Бразил по деветти пат стана шампион на Копа Америк откако во  финалето го победи Перу со 3-1. Домаќинот на континенталниот собир  одигра супериорно и заслужено стигна до трофејот.

На „Маракана“  во Рио де Жанеиро „кариоките“ стигнаа до победа која им ја донесе титулата по пауза од 12 години, последен пат славеа на овој  шампионар 2007 година.

Головите за Бразил ги постигнаа, Евертон во 15 минута, Хесус во 45 минута  и Ричарлисон од пенал. За Перу голо е дело на  Гереро.

Перу го одигра своето трето финале на Копа Америка и за прв пат беше поразен, претходно, два пати победуваше во далечната 1939 и 1975 година.