Бразил како првопласиран во групата А се се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка откако со 5:0 го победи Перу во третото коло од прелиминарната рунда.

Головите за кариоките ги постигнаа Касемиро, Фирмино и Евертон во првото полувреме а Алвеш и Вилијан во второто полувреме. Габриел Жезуз не искористи удар од белата точка во 93 минута за уште поубедлива победа.

Од оваа конкурецнија Венецуела вечерва ја совлада Боливија со 3:1 и како второпласирана во групата А обезбеди пласман во четвртфиналето.