5-кратниот светски првак, селекцијата на Бразил во пријателски меч ја совлада Јужна Кореја со 3-0, натпревар кој се одигра во Абу Даби. „Кариоките“ од самиот старт притиснаа и ја покажаа разликата во класи, а на првиот гол се чекаше само 9 минути кога фудбалерот на Милан, Пакета со својот втор гол во националниот дрес го отвори резултатот.

Бразил  првотото полувреме го одигра во ист ритам и преку Кутињо со гол од слободен удар во 36 минута зголеми на 2-0, резултат со кој замина на пауза.

Третиот гол „кариоките“ го постигнаа преку Данило во 60 минута и се вратија на победничките патеки, откако пред само неколку дена исто така во пријателски меч загубија од вечниот ривал Аргентина.