Мундијалот во 2014 година беше голема шанса за Бразил да стигне до титула, „кариоките“ беа домаќини на собирот на најдобрите репрезентации во светот.

За Бразил резултатите на Мундијалот беа според планот, се до моментот кога се сретнаа со Германија во полуфиналето.

Натпреварот се одигра во Бело Хоризонте пред 58.000 гледачи, Бразил се надеваше на финале со победа против Германија.

Наместо победа, Бразил се соочи со еден од најтешките порази во историјата, загуби од Германија со 7-1, светот беше шокиран, навивачите плачеа со денови…

Головите за Германија ги постигнаа Шурле и Крос кои по два пати ја погодија мрежата на Бразил, по еднаш во листата на стрелците се запишаа, Кедира, Клосе и Милер. Единствениот гол за домашната селекција го постигна Оскар во 90 минута…

Германија на овој Мундијал го освоија првото место, во финалето ја победија Аргентина со 1-0 во екстра времето.