Бразил е првиот финалист на машкиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Јапонија.

Ова откако „кариоките“ славеа против Мексико по изведувањето на пенал рулетот. По 120 минути немаше голови.

Во пенал серијата за бразил погодија Алвеш, Маринели, Гимараеш и Рениер, додека за Мексико единствено пенал реализираше Родригез а непрецизни беа Агуире и Фаскез.

Во финалето Бразил ќе игра против Јапонија или Шпанија.