Бразил го победи Перу со 4: 0 на вториот натпревар од Копа Америка, додека на вториот натпревар од групата Б, Колумбија и Венецуела одиграа без голови.

За Бразил, за кого ова беше деветта последователна победа, стрелци беа Алекс Сандро, Нејмар, Евертон Рибеиро и Ричарлисон.

Бразил сега има предност од шест бода и е прв во групата Б, додека Перу е на дното без бодови.

Голот на Нејмар на овој натпревар беше негов 68. за Бразил на 107 натпревари, со што го престигна Роналдо на списокот на најдобри стрелци на селекцијата Бразил, и сега тој е втор зад Пеле, кој на 92 натпревари постигна 77 погодоци.

“Овие бројки не се ништо друго освен целата радост што ја чувствувам кога играм за Бразил и ја претставувам својата земја. Во моментов сите минуваме низ тежок период, мило ми е што можам да бидам пример за некои луѓе. Ја сакам приказната која ја пишувам со Бразил, сакам моето семејство и пријателите да бидат горди. Се надевам дека секој што ја сака оваа игра е горд на мене, бидејќи бројките не значат многу, единственото нешто што е важно е гордоста што ја чувствувам кога го претставувам Бразил “, – рече Нејмар и се расплака.