Манчестер Сити во финалето против Астон Вила од  Карабао Купот стигна до третата титула по ред во ова натрпеварување, а за Пеп Гвардиола ова беше  29. трофеј во кариерата.

По натпреварот, славјето во соблекувалната го водеше Бенџамин Менди, кој го друштво на Ноел Галагер приредија шоу за фудбалерите на Манчестер Сити. Овој трофеј е втор сезонава за „граѓаните“, откако претходно го освоија Комјуниту шилд во август 2019 година.

Од поодамна е познато дека Галагер е голем фан на „граѓаните“, а минатата сезона исто така беше дел од прославата по повод титулата во Премиер Лигата.