Џејмс Милнер беше најгласен по завршувањето на пресметката на Ливерпул и на Севиља во Бостон. Шпанскиот тим победи со 2:1 но мечот ќе остане запаметен по страшниот старт на играчот на Севиља, Јорис Њагнон над младиот бек на Ливерпул, Јасер Ларучи. Ова се случи во 75 минута по која играчот на Севиља заработи црвен картон.

Ларучи допрва ќе биде изложен на повеќе тестови и ќе биде познато колку време ќе му биде потребно за да се врати во екипата на Јирген Клоп.