Ерлинг Халанд од самиот почеток на своите настапи за Борусија Дортмунд стана вистинска медиумска ѕвезда.

Со осумте постигнати гола на само четири средби, тој сруши многу рекорди.На неговиот успех не остана имуна и Бундеслигата, која на својот твитер-профил постави видео на кое се гледа дека Халанд нешто пие, а потоа прави гримаса.

Видеото е проследено со шеговит текст: „Што и да има во пијалокот – тоа функционира“.