Манчестер Јунајтед ја прекина победничката серија откако претрпе шокантен пораз на гостувањето кај Бурмаут во воведниот натпревар од 11 коло во Премиер лигата.

Единствениот гол на средбата го постигна Кинг во 45 минута од првото полувреме. Ова за домаќините беше четврта овосезонска победа а за Јунајтед четврти пораз.

Во следното коло Манчестер Јунајтед го дочекува Брајтон а Бурмаут ќе му гостува на Њукасл.