Интер стигна до третата победа оваа сезона во Серија А откако славеше на гостувањето кај Џенова со 2:0.

Нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Џенова која пак не успеа да упати нути еден прецизен удар кон голот на Хандановиќ а само еднаш биеше непрецизно.

Лукаку го отвори резултатот во 64 минута, конечните 2:0 беа дело на Д`Амбросио во 79 минута.