Лондонски Челси успеа да освои три бода на гостувањето кај Лил откако победи со 2:1 во натпреварот од второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Абрахам (22 мин) и Вилиан (78 мин) беа стрелци на головите за „Сините“, за Лил прецизен беше Осимхен во 33 минута.

 

На вториот натпревар од оваа конкуренција, Ајакс забележа победа на гостувањето на „Местаља“ кај Валенсија од 3:0.

Зијеч (8 мин), Промес (34 мин) и Ван де Бек (67 мин) најдоа начин да го матираат Силесен додека за домаќините не искористи пенал Парехо.