Челси без поголеми проблеми го совлада Евертон на „Стемфорд Бриџ“ со убедливи 4-0 во рамки на 29.коло од Премиер лигата.

Со оваа победа ја прекинаа низата од четири натпревари на кои не успеваа да слават над „Карамелите“ кои ни по доаѓаето на Анчелоти не изгледаат како што треба.

Головите за Челси ги постигнаа Маунт, Жиру, Вилиан и Педро кој го постигна првиот овосезонски погодок. Овој триумф на Челси е од големо значење за нив во борбата за четвртата позиција на табелата, која во моментот е во нивна сопственост.