Челси е домаќин на Манчестер Јунајтед во дербито на 26 коло од Премиер лигата. Томас Тухел најави дека онаа елиминација од „Ѓаволите“ кога го предводеше ПСЖ во ЛШ е најтешкиот пораз во неговата кариера и посакува спортска одмазда денеска на „Стенфорд Бриџ“.

Сините по доаѓањето на Тухел немаат пораз во ниту една конкуренција а на последните пет натпревари во Премиер лигата освоија 13 бода.

Манчестер Јунајтед пак по низата победи, на последните пет натпревари во Премиер лигата има две победи и три нерешени.


Челси последен пат го совлада Јунајтед во Премиер лигата на 19 мај 2018 година, оттогаш па навака овие два тима се судрија уште пет пати во елитата на Англија, Јунајтед победи два пати а три мечеви завршија нерешено.

Standings provided by SofaScore LiveScore