Екипата на Челси потешко од очекувањата славеше над веќе второлигашот Норич со 1-0.

Клучниот момент се случи во третата минута од судиското продолжение од првотот полувреме, кога Жиру одлично шутираше со глава по центаршутот на Пулишиќ.

Со оваа победа Челси се одвои од Лестер и Манчестер Јунајтед во борбата за третата позиција, но конкурентите на „сините“ имаат и натпрвар помалку.