Челси запиша важна победа против Лестер со 2-1, овие три бода на клубот од Лондон му го потврдија учеството во Лигата на шампионите.

Со головите на Рудигер и Жоржињо во вториот дел, Челси стигна до победа. Лестер успеа да намали во 76 минута преку Ихеначо, ја врати резултатската неизвесност, но не успеа да стигне до бод.

Челси има 67 бода на третото место, Лестер со 66 е на четвртата позиција, на 5. место е Ливерпул со 63 бода и две средби до крајот на сезоната, утре се среќаваат со Барнли.